Riyaz Khaliq Khaliq
06 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 53 лица загинаа во уривањето на зграда во Кина минатата недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Уште 10 лица се спасени од под урнатините.
„Операциите за пребарување и спасување што започнаа на 29 април, продолжија со цел наоѓање на лицата кои се водеа како исчезнати во градот Чангша во централната кинеска покраина Хунан“, соопшти ЦГТН (CGTN).
Локалните власти нагласија дека завршени се операциите за пребарување и спасување откако сите лица кои биле во зградата се идентификувани.
Започната е истрага за откривање на причините за уривањето на зградата.
Меѓу другото, се сруши и магацин на градежна компанија во градот Џинжонг кој се наоѓа во северната кинеска покраина Шанси.
Локалните власти започнаа операција за спасување, додека бројот на заглавени лица под урнатините е непознат.