Ahmet Furkan Mercan
06 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
ТОКИО (АА) - Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида, во својата изјава за медиумите во Лондон на последниот ден од својата европска турнеја рече дека неговата земја ќе ги зголеми санкциите кон Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Посочувајќи на „важноста на улогата што ја играат земјите од Г-7 во Украина“, Кишида истакна: „Мораме да ја зајакнеме солидарноста на Г-7 за да ги одржиме мирот и редот.“
Јапонскиот премиер најави дека ќе ги замрзнат имотите на околу 140 лица и ќе воведат ограничувања за извозот на 70 јапонски организации кои се поврзани со Руската армија.
Во согласност со одлуката, јапонската Влада, исто така ќе го забрани и извозот на стоки во Русија кои вклучуваат напредни технологии, вклучително и квантни компјутери.