Ekipa
25 Ноември 2022•Ажурирај: 26 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку десет лица загинаа, додека девет се повредени во пожар кој избувна во станбен објект во Урумки, главниот град на Ксинџијанг, автономна територија во северозападниот дел на Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пожарот зафати висока зграда во местото Тијаншан во Урумки доцна синоќа [четврток]“, објави новинската агенција „Синхуа“.
Пожарникарите и спасувачите ја евакуираа зградата и го изгаснаа пожарот.
Локалните власти започнаа истрага за откривање на причините за избивање на пожарот.