Ekipa
25 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот претседател, Си Ѓипинг, денес присуствуваше на свечената церемонија за отворање на вториот меѓународен аеродром во Пекинг, со терминал кој се смета за најголем на светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот аеродром „Пекинг Дашинг“, кој е изграден за помалку од пет години и кој чинеше околу 17 милијарди долари, е дијзаниран за да може да им служи на 72 милиони патници годишно.
Главниот аеродром во кинеската престолнина е втор најфреквентен аеродром во светот по меѓународниот аеродром „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, САД.
„Пекинг Дашинг“ има терминал од милион квадратни метри и се смета за најголем на светот. Аеродомот го дизајнираше покојната ирачко-британска архитектка Заха Хадид, за кој се вели дека е во форма на феникс.
Аеродромот се наоѓа 45 километри јужно од Пекинг.