Emre Aytekin
12 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
ПЕКИНГ (АА) - Генералните конзулати на Кина во Чикаго и Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави (САД), ги повикаа американските власти да се грижат за безбедноста на своите граѓани по инцидентите со оружени грабежи во кои се оштетени Кинези, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот конзулат на Кина во Чикаго, во соопштение објавено по смртта на 24-годишниот Џинг Шаошионг во оружен грабеж, осудувајќи го нападот, побара итна истрага за инцидентот, како и информираност на јавноста.
Џинг, којшто пред кратко време дипломирал на Универзитетот во Чикаго, почина на 9 ноември во оружен грабеж во близина на „Хајд парк“.
Напаѓачот, кој го застрелал младиот човек во градите, избегал од местото на настанот со автомобил.
Таа вечер уште три лица ги загубија животите во оружени грабежи кои се случија во градот.
Генералниот конзулат ги советуваше кинеските студенти и другите кинески граѓани да бидат претпазливи во однос на безбедносната ситуација во областите каде што живеат, да ги следат безбедносните предупредувања издадени од локалната самоуправа и да избегнуваат да бидат во небезбедни подрачја.
- Се бара зголемување на полициската патрола и присуство на обезбедување -
Откако кинескиот професор Чу Пигаи, визитинг истражувач во САД, се соочи со обид за оружен грабеж, Генералниот конзулат на Кина во Лос Анџелес побара од своите граѓани да ги зголемат мерките на претпазливост од безбедносните ризици во САД.
Меѓу другото, Генералниот конзулат посочи дека во последно време во земјата се зголемени нападите од омраза против Американците од азиско потекло и побара од полицијата да го зголеми патролирањето и да постави обезбедување во кинескиот кварт и другите области каде што живеат кинески државјани.
Професорот Чу за локалните медиуми истакна дека на напаѓачот се спротивставил користејќи ја традиционалната кинеска боречка вештина кунг-фу.