Başak Akbulut Yazar
11 Ноември 2021•Ажурирај: 13 Ноември 2021
АНКАРА
Во тек е 19. обука за воено новинарство, која Агенција Анадолија (АА), во соработка со Полициската академија на Турција, ја организира со цел обука на медиумски работници, за да можат што подобро да ги извршуваат своите задачи во воени услови, природни непогоди и вонредни состојби, јавува Агенција Анадолија (АА).
На обуката учествуваат 21 припадник на медиумите во Турција и странство, кои од стручњаците усвојуваат теоретски знаења, но имаат можност да ги применат и во практичен дел.
Учесниците на обуката, во рамките на теорискиот дел имаат часови за известување, лична сигурност, воено право, прва помош, напредни техники на возење, преживување во вода, заштита од хемиски и биолошки напади и однесувања во вонредни состојби.
Предавањата се вршат и од областа на читање карти и одредување рути, воздушни операции, поморски операции, прва помош, напади со хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, воени теории и терминологии, бегалци и бегалски кампови, технологија и сигурност на информации во вонредни ситуации, самоодбрана, воено право, геополитика на Блискиот Исток, преживување во вода, стратегии на преговарање, сигурност и напредни техники на возење, симулации на преживување во киднапирање и заложнички кризи, лична сигурност, преживување во заседи, природни катастрофи, експлозии и опасни зони, тероризам, процедура на анализа на ризик, принципи на известување во вонредни ситуации, ноќно кампување и многу други активности.
Претставниците на медиумите во таа ситуација учат со какви потешкотии и закани можат да се соочат во текот на работата на терен и во текот на известувањето од подрачја зафатени со природни катастрофи и судири и на тој начин усвојуваат информации и искуства кои можат да им помогнат во преживувањето и избегнувањето заседа, правење засолниште, заштита од студ и однесување во случај на бегалска криза.
Претставниците на медиумите кои успешно ќе ја завршат програмата на обуката, ќе добијат сертификат.
Вработените на Управата за вонредни состојби (АФАД) ги учеа учесниците на обуката за правилата на влез и излез од хеликоптер.