Tevfik Durul
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
ПЕКИНГ (АА) - Претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, по повод 90. годишнина од основањето на Народноослободителната војска на Кина (PLA), изјави дека на земјата повеќе од кога било ѝ е потребна силна војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на прославата на 90. годишнина од основањето на Народноослободителната војска на Кина, во воената база сместена во автономниот регион Внатрешна Монголија, Народна Република Кина организираше воена парада на којашто присуствуваше и претседателот на државата, облечен во воена униформа.
Претседателот Си обраќајки им се на војниците рече: „На нашата земја, повеќе од кога било претходно ѝ е потребна силна војска”.
Претседателот Си смета дека треба да се забрза модернизацијата на кинеската војска.
На прадата која ја пренесуваше и кинеската централна телевизија (CCTV), учествуваа околу 12.000 војници, повеќе од 100 авиони, а претставен беше и дел од воената опрема.
Меѓу другото, претставени беа и тенкови од кинеско производство и различни видови на проектили.
При презентацијата на воените авиони од серијата Ј и бомбардерите H-6 на кинеските воздухопловни сили, овие летала се претставија со итни полетувања и позиции за напад.
Прославата на годишнината на војската претходно се одржуваше на 1. август, а оваа година се одбележува во еден од најактивните периоди на кинеската војска, која низ целата земја, но и во меѓународните води, учествува во вежби и други активности.