Cüneyt Karadağ
24 Јули 2024•Ажурирај: 25 Јули 2024
БЕРЛИН (АА) – Протестот на климатските активисти на аеродромот „Келн-Бон“ во Германија утринава предизвика прекин на воздушниот сообраќај во земјата, јавува Анадолу.
Германската полиција во Келн објави дека петмина активисти протестираат во областа во близина на пистата, а поради тоа е прекинат воздушниот сообраќај.
Групата Лецте Генерацион (Последна генерација) на социјалната мрежа X објави дека со овој протест бара елиминирање на фосилните горива до 2030 година и дека тоа е дел од меѓународна протестна кампања.
Тие најавија дека слични протести ќе има и на аеродромите во Велика Британија, Австрија, Холандија, Швајцарија, Канада, САД, Шкотска и Норвешка.