Ekipa
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Фаворитката на Демократите во трката за Белата куќа, Хилари Клинтон, вчера одби да учествува во последната дебата со својот сопарник Берни Сандерс во Калифорнија на повик на телевизиската куќа Fox News, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Го одбивме повикот на Fox News да учествуваме во дебатата во Калифорнија”, соопшти Џенифер Палмиери, гласноговорничката на претседателската кампања на Хилари Клинтон.
Таа истакна дека Клинтон подобро ќе го искористи времето за средби со бирачите и кампања во Калифорнија.
Берни Сандерс во соопштението наведе дека е „разочаран но не и изненаден со нејзината неподготвеност за дебата во пресрет на најголемите и најважни внатрепартиски избори во процесот за номинирање за претседателски кандидат”.
„Поради демократијата и почитувањето на бирачите во Калифорнија, дебатата во живо би била добра со цел бирачите да можат да одлучат која идеја ќе ја поддржат”, додаде Сандерс.
Во Калифорнија на 7-ми јуни закажани се предизбори, најважни во годината по бројот на делегати.