Sinan Doğan
30 Јули 2021•Ажурирај: 01 Август 2021
БОГОТА (АА) - Во административниот регион Антиквија во северна Колумбија, 9.000 мигранти, претежно од Хаити, чекаат да се отворат границите за да заминат во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повеќе од 9.000 мигранти кои дојдоа во градот Некокли поради внатрешните превирања и економските проблеми во нивните земји бараат да се отвори границата Колумбија - Панама за да стигнат во САД.
Колумбиските служби за имиграција истакнаа дека од ден на ден се зголемува бројот на мигранти и најавија дека ќе се зголемат мерките за запирање на нерегуларните преминувања на границите и патиштата во земјата.
Наведувајќи дека од почетокот на годината се регистрирани речиси 25.000 нерегуларни мигранти, властите истакнаа дека бандите ги експлоатираат и сексуално злоставуваат.
Хуан Франциско Еспиноса, директорот за имиграција на Колумбија, истакна дека во операциите против криумчарење на дрога фатени се 200 луѓе.
„Шверцерите користат мигранти за да пренесуваат дрога на север. Шверцерите на мигранти нема да бидат толерирани. Тие немаат грижа на совест и тргуваат со луѓе“, рече Еспиноса.