Dilara Zengin
29 Јули 2021•Ажурирај: 01 Август 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Економијата на Соединетите Американски Држави (САД) порасна за 6,5 отсто во вториот квартал оваа година, што е под очекувањата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за трговија на САД ги објави најновите податоци за бруто-домашниот производ (БДП) за периодот од април до јуни, според кој БДП во тој период се зголемил за 6,5 отсто.
По растот забележан во првото тримесечје оваа година, американската економија, која порасна под очекувањата во второто тримесечје, сепак успеа да се врати на нивото пред епидемијата на коронавирусот. Во второто тримесечје се очекуваше раст од 8,5 отсто, што не се случи.
Американската економија опадна за 3,4 отсто во 2020 година како резултат на епидемијата на Ковид-19 и преземените карантински мерки против епидемијата.