Lokman İlhan
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
БОГОТА (АА) - Колумбија продолжува со подготовките за посетата на духовниот лидер на католичкиот свет, а воедно и претседател на Ватикан, Папата Францис, кој во оваа земја треба да допатува на 6 септември, јавува Anadolu Agency (AA) .
Возилото наречено „папамобил“ е специјално произведено за турнејата на папата, кој покрај главниот град на земјата, Богота, ќе ги посети и градовите како Вилависенсио, Меделин и Картахена, беше претставено пред медиумите во церемонија организирана во претседателската палата, Каса де Нарињо (Casa de Narino).
На оваа церемонија, на која учествуваа голем број високи претставници, клучевите од папамобилот беа предадени на претседателот на земјата, Хуан Мануел Сантос.
Сантос во својот говор на церемонијата, каде што беше претставен и екипажот на авионот што ќе го користи папата, истакна дека неговата земја е подготвена за посетата на папата Францис, кој тој го нарече „амбасадор на мирот“.
Колумбиската авиокомпанија „Avianca“, додели авион од типот „Boeing 787“ (боинг 787) за папата Францис. За време на неговата посета, папата ќе биде придружен од страна на 7 пилоти, кабински екипаж од 26 лица, како и 38 службеници.