Burç Eruygur
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Москва денес порача дека подготвува одговор на ограничувањето на цената на руската нафта од страна на Европската Унија (ЕУ) и од Групата седум, како ембарго за увозот на руската нафта преку море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Западните земји нагласија дека ограничувањето на 60 долари за барел е насочено кон ограничувањето на можноста на Русија да ја финансира својата војна против Украина што започна во февруари.
„Одлуката е донесена“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот, како одговор на прашањето за тоа кога може да се очекува одговор од Москва на одлуката.
Нагласувајќи дека Русија нема да признае „никакви ограничувања“, Песков рече дека усвојувањето на таква одлука е „чекор кон дестабилизација на светскиот пазар на енергија“.
Портпаролот на Кремљ рече дека руската економија има потенцијал да ги задоволи сите потреби на „специјалната воена операција“ во Украина, и дека ограничувањето на цената на руската нафта нема да влијае на тоа.
„Санкциите против Русија предизвикуваат очигледна штета на европските земји, непрофесионално е да се негира тоа“, изјави Песков, и додаде дека санкциите донеле одредени проблеми за Русија, но дека тие не се од критична природа.