Burak Bir
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Меѓународниот аеродром „Глазгов“ денес е затворен поради пронаоѓање сомнителен предмет, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Инцидентот се случил околу 5:55 часот изутрина по локално време (05:55 GMT), кога полицијата добила дојава за сомнителен предмет во безбедносната сала за претрес на аеродромот во Глазгов“, се вели во соопштението на полицијата во Глазгов.
„Како мерка на претпазливост и во согласност со процедурите, просторите за пријавување и за безбедност беа затворени“, се вели во соопштението.
„Вработените и граѓаните се преместени од местото за пријавување на катниот паркинг“, се вели во соопштението, во кое се додава дека полицијата и службите за итна помош остануваат на местото на настанот.
Во меѓувреме, во објава на Твитер, аеродромот во Глазгов соопшти: „Централните делови на терминалот се затворени поради инцидентот, а патниците се преместени надвор од зградата на нашиот покриен паркинг.“
„Терминалите за чекирање се затворени поради тековниот инцидент, а патниците се преместени надвор од зградата на нашиот покриен паркинг“, соопштено е од Управата на аеродромот во Глазгов.