Emre Gürkan Abay
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, истакна дека стратешките точки во руската економија биле изложени на кибернапади од странство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку Соединетите Американски Држави (САД) вршат кибернапади врз Русија и за тоа не ги информираат претседателите на државите, можеме да кажеме дека тоа алудира на кибервојна против Русија“, истакна Песков.
Тој даде изјава за медиумите во врска со веста на весникот „Њујорк тајмс“ („The New York Times“), во која се тврди дека САД инсталирале софтвер во руската електрична мрежа, со цел вршење кибернапади.
Песков рече дека надлежните институции во Русија водат борба против кибернападите. „Стратешките точки во руската економија се изложени на кибернапади од странство“, додаде тој.
Нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп, ги негирал овие тврдења.
„Доколку САД вршат кибернапади врз Русија и за тоа не ги информираат претседателите на државите, можеме да кажеме дека тоа алудира на кибервојна против Русија“, истакна Песков.
„Њујорк тајмс“ наведува дека како одговор на интервенциите на Москва на изборите во САД, Киберкомандата на САД (CYBERCOM) испратила тајни американски компјутерски кодови до електричната мрежа на Русија и други цели во земјата. Се тврди дека овој акт врз руската електрична мрежа е реализиран без да се добие одобрение од Трамп.
Од друга страна, Трамп реагираше на наводите на весникот „Њујорк тајмс“ и го обвини дека врши вирутелен чин на предавство.