Ali Cura
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
КИЕВ (AA) - Тројца украински војници ги загубија животите, а тројца беа повредени во судирите меѓу проруските сепаратисти и украинските војници во источна Украина.
Портпаролот на Канцеларијата за борба против тероризмот при Министерството за одбрана на Украина, Александар Мотузјаник, одржа информативен состанок за конфликтите во источниот дел на земјата.
Мотузјаник посочува дека се интензивирале нападите во Донбас и дека најголем дел од нападите биле доживеани во регионот Луганск.
Украинската страна одговори само еднаш на нападот, нагласи Мотузјаник. „Во судирите последните 24 часа загинаа тројца украински војници, а тројца се повредени“ рече тој.
Мотузјаник истакна дека украинските воени единици, според Минскиот договор, продолжија да го чуваат своето тешко оружје во регионот, на одредено растојание.
Пред Новата година во Минск, главниот град на Белорусија, се оствари состанок, на кој страните се договорајќи да биде воспостасвено примирје по повод Божиќните празници.