Ali Cura
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека се подготвени на секаков вид можна провокација од американскиот воен брод во Црното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лавров се состана со министерот за надворешни работи на Венецуела, Феликс Пласценсио, по што е одржана прес-конференција.
Рускиот министер во таа прилика изјави дека воените вежби на НАТО се поврзани со желбата за формирање политика за ставање на Русија под контрола. Тој наведе дека поморските бази што САД сакаат да ги оформат во Бугарија и Романија се во таа насока.
Потсети и на реакцијата на рускиот претседател, Владимир Путин, за влезот на американскиот брод „УСС Маунт Витни“ во Црното Море.
„Долги години во односите со НАТО сме навикнати да се подготвуваме за секаков вид провокација. Ве уверувам дека оваа подготовка е целосно обезбедена“, рече Лавров.
Тој ја коментираше и кризата во источна Украина и рече дека не е одреден датум за состанок на министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина во Нормандиски формат.
Лавров додаде дека на 11 ноември нема да биде одржан состанок и дека не е разговарано за нов датум.
Рече оти смета дека ако се погледне како украинската страна ги спровела претходните одлуки од Нормандискиот формат, треба да се разбере каков ќе биде резултатот од таквата средба.