Ekip
09 Март 2023•Ажурирај: 10 Март 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, синоќа повика на поголемо присуство на жените на водечките позиции, јавува Анадолу.
Зборувајќи на настанот по повод Меѓународниот ден на жената, што го организираше Светската трговска организација (WTO) во Женева, Лагард рече дека жените извршуваат само 12 отсто од лидерските позиции во најголемите мултилатерални институции од 1945 година досега.
„Мораме да видиме повеќе жени на водечките позиции бидејќи тоа би можело да ја поддржи трговската отвореност и да го запре лизгањето кон фрагментација“, нагласи Лагард.
Таа додаде дека жените лидери имаат тенденција да поседуваат квалитети особено корисни во геополитичките тензии.
„Едно истражување откри дека станале особено добри во холистичко размислување, управување со сложеноста и прифаќање на соработката, што се идеални атрибути кога во прашање се трговските преговори“, додаде Лагард.