Ekipa
23 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Лекарите во приватна болница во Њу Делхи го отстраниле најголемиот тумор на јајници во светот од телото на 52-годишна жена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Туморот од 54 килограми, отстранет за време на 3,5-часовната операција, е половина од тежината на пациентката.
„Во над 30 години искуство како хирург, никогаш немам наидено на случај кога туморот тежел скоро половина од телесната тежина на пациентот“, рече Арун Прасад, постар консултант на Хируршка гастроентерологија и баријатрична хирургија во болниците „Индрапрашта Аполо“.
Пациентката, која е жител на Њу Делхи, се здебелила во последните неколку месеци и достигнала тежина од 106 килограми. Се соочила со потешкотии во дишењето, одењето и имала остра болка во стомакот, се вели во соопштението на болницата.
Понатаму се наведува дека во стомакот на пациентката немало место да се вметне опрема со методи со помош на робот, така што хируршкиот тим ја извршил операцијата по традиционална метода на 18 август.
„Поради џиновскиот тумор, цревниот тракт беше компресиран и плоснат, со што вршеше притисок врз утробата, што доведе до ризик од руптура во јајниците“, рече Прасад. „За среќа, туморот беше бениген и пациентот немаше хронични болести, што овозможи побрзо закрепнување. По операцијата нејзината тежина се намали на 56 килограми.“
Во 2017 година, беше отстранет тумор од 34 кг од јајниците на пациентка во јужниот град Коимбатор.