Fatma Esma Arslan
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ДАКАР (АА) - Откако воената хунта во Мали го собори претседателот Ибрахим Баубакар Кита, делегација од Економската заедница на државите од Западна Африка (ЕКОВАС) во регионот одржа средби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Делегацијата на ЕКОВАС, предводена од поранешниот нигериски претседател Гудлак Џонатан, остварија средби во главниот град Бамако.
Делегацијата на аеродромот беше пречекана од воената хунта, Национален совет за спас на народот (CNSP).
Потоа делегацијата се состана со официјални лица на Африканската унија и Мисијата на Обединетите нации за стабилизација на состојбата во Мали (MINUSMA).
Подоцна, во Министерството за одбрана, делегацијата се состана со лидерот на Националниот совет за спас на народот (CNSP), Асими Гоита. По таа средба, делегацијата замина во касарната во Кати, за да го посети соборениот лидер Кита.
Средбите беа затворени за медиумите и нема никакви информации од средбите.
Гудлак Џонатан за локалните медиуми изјави дека средбите биле добри и дека го виделе Кита.
- Тешка санкција од ЕКОВАС -
ЕКОВАС, кој се обиде да посредува во продлабочувањето на кризата меѓу опозицијата и претседателот Кита во Мали, неколкупати испрати делегации во регионот, но преговорите беа неуспешни.
Опозициската платформа М5 РФП инсистираше на оставка на Кита, додека од друга страна ЕКОВАС наведуваше дека никогаш не постоела таква опција.
ЕКОВАС по соборувањето на претседателот Кита од страна на заговорниците на пучот, истакна дека 15 земји членки на ЕКОВАС ги затвориле копнените и воздушните граници со Мали и дека ги запреле стопанските и трговските односи.
Оваа одлука беше остро критикувана од платформата М5 РФП и беше наведено дека ЕКОВАС не може да воведе санкции за народот.