Ekip
16 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската армија ги негираше извештаите за претстојниот пад на главниот град Триполи во рацете на силите предводени од командантот Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ситуацијата на терен е сѐ уште во наша корист“, изјави за АА портпаролот на војската, Мохамед Кануну.
„Цивилите, сепак, страдаат како резултат на воздушното бомбардирање од воениот криминалец Хафтар“, додаде тој.
На почетокот на април, Хафтар започна опсежна кампања за заземање на Триполи каде што се наоѓа Владата на национална спогодба на Обединетите нации (ОН).
Кануну го обвини Хафтар поради вклучување професионални војници од Африка и Русија во неговите напади на Триполи.
„Злосторствата се извршени [од страна на силите на Хафтар] против цивилите во Триполи и неговите периферии во последните месеци“, рече Кануну.
Минатиот месец, Турција и Владата на национално единство постигнаа два меморандуми за разбирање (MoU) - еден за воена соработка и еден за поморските граници на земјите во Источниот Медитеран.
Ердоган изјави дека Анкара ќе размисли за испраќање на трупи во Либија доколку Владата на национално единство поднесе такво барање.
Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот либиски лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении.