Enes Canlı
04 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА
Либиската војска сооопшти дека од рацете на милициите кои му се приврзани на Калифа Хафтер, лидерот на нелегитимните вооружени сили на источниот дел на земјата, успеале да ги ослободат и да воспостават целосна контрола врз подрачјата Ајн Зара и Вади ер-Реби, кои се наоѓаат јужно од главниот град Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската војска, полковникот Мухамед Кунуну, во писмено соопштение објави дека единиците на либиската војска ги протерале милициите на Хафтар од подрачјата Ајн Зара и Вади ер-Реби и на тие територии воспоставиле целосна контрола.
Пучистот Хафтар кој пред речиси една година издаде наредба за напад врз главниот град, во последниот период доживува последователни порази од либиската војска.
Откако либиската војска ги расчисти милициите на Хафтар на големо подрачје јужно од Триполи, вчера објави дека од окупацијата на милициите на Хафтар е ослободен меѓународниот аеродром во Триполи, кој е од големо стратешко значење.