Hamdi Yıldız
13 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Вооружените сили на либиските легитимни власти, поврзани со Владата за национално единство (UMH), соопштија дека се подготвени да се спротивстават на нападите на вооружените милиции на Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (AA).
Мустафа ал Меџеи, портпарол на операцијата „Буркан ал Гадаб“ поврзана со Владата за национално единство (UMH), за АА, коментирајќи ја изјавата на Хафтар дека започнале нова војна за да го заземат Триполи, нагласи:
„Тоа се зборови без никаква вредност, тој напад би бил самоубиство на силите на Хафтар.“
„Ние сме подготвени да го потиснеме нападот на Хафтар“, рече Меџеи, подвлекувајќи дека говорот на Хафтар е направен по неодамнешниот успех на силите на Владата за национално единство (UMH) во регионот Јермук.
Меџеи истакна дека од самиот почеток ја следат поддршката која доаѓа за вооружените милиции на Хафтар и дека таа поддршка што доаѓа од други држави не е запрена.
Инвазијата врз Триполи, која започна во април, веќе 8 месеци не донесе никакви резултати. Калифа Хафтар, вчера во својот говор на телевизијата „Либија ел Хадес“ рече дека на своите вооружени сили, кои се наоѓаат околу Триполи, им наредил да „започнат со напад“ и дека тој напад ќе биде „решавачка војна“.