Gülşen Topçu
27 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Либиските власти открија две нови масовни гробници во градот Тархуна, поранешно упориште на силите на Калифа Хафтар, североисточно од главниот град Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот орган за истражување и идентификација на исчезнати лица соопшти дека телата ќе бидат извадени денес.
Според официјалните либиски извори, силите на Хафтар и поврзаните милиции во периодот помеѓу април 2019 и јуни 2020 година извршиле воени злосторства и акти на геноцид.
Од јуни минатата година, по поразот на силите на Хафтар во западните делови на Либија, либиската Влада откри околу 300 тела во масовни гробници во Тархуна и јужно од Триполи.
Либија е разорена од граѓанска војна од соборувањето и убивањето на долгогодишниот лидер на земјата Муамер Гадафи во 2011 година.