Tevfik Durul, Derya Gülnaz Özcan
27 Септември 2021•Ажурирај: 27 Септември 2021
АТИНА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер го погоди грчкиот остров Крит, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за геодинамика на Атина соопшти дека земјотресот е регистриран во 09:17 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.
Се вели дека земјотресот, чиј епицентар бил во регионот Арвис во јужниот дел на Крит, бил почувствуван на целиот остров.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека јачината на земјотресот била 6 степени според Рихтеровата скала.