Ayşe Sümeyra Aydoğdu, Eman Nassar
19 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
СИРТ (АА) - Во синоќешниот самоубиствен напад извршен во либискиот град Сирт загинаа 19, а ранети се околу 80 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на силите на Владата за национално единство го извршија припадниците на терористичката организација ДАЕШ. Портпаролот на единицата „Ал-Бунјан ал-Марсус“ при Владата за национално единство Мухамед ел-Гасри изјави дека нападот е извршен со две автомобил-бомби.
Гасри изјави дека по самоубиствениот напад, авионите на САД започнале напад, а според неговите зборови, планирана е и акција на копно.
Одговорност за нападот презеде терористичката организација ДАЕШ, која на интернет-страницата наведе дека нападот го извршиле милитантите Ебу Бекир Фезани и Ебу Давуд ен-Наси.