Fatma Bülbül
19 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
БАГДАД (AA) - Најмалку пет лица загинаа, а деветмина се повредени во бомбашкиот напад во четвртокот, во ирачкиот главен град, јавува Anadolu Agency (AA).
Потполковникот Дехам ал Махмуд изјави дека во нападот што се случил во јужниот дел на Багдад има двајца загинати војници.
Покрај тоа, како што изјави Махмуд, телата на тинејџерка и жена се најдени во регионите Ал-Абади и Ал-Сааб. Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападите.
Ирак од средината на 2014 година е во опасен безбедносен вакуум, откако терористичката организација ДАЕШ го држи Мосул на северот и поголемиот дел од територијата на север и запад.
Според ОН, повеќе од 3,4 милиони жители на Ирак раселени, меѓу кои повеќе од половината се деца - а повеќе од 10 милиони луѓе имаат итна потреба од хуманитарна помош.