Fahri Aksüt
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Милициите лојални на Калифа Хафтар, лидерот на нелегитимните сили од источниот дел на Либија, денеска извршија ракетен напад врз болница во главниот град Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Цел беа Централната болница во Триполи и одредени цивилни станбени населби“, информираше либиската војска.
Од Министерството за здравство објавија дека во нападите се повредени 14 цивили. Исто така се истакнува дека болницата нема да може да прима пациенти поради нападите. Нагласено е дека новонастанатата ситуација претставува голема закана за борбата против новиот тип коронавирус.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), од почетокот на оваа година седум здравствени установи во Либија дури 12 пати биле цел на напади.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога Моамер ал Гадафи беше соборен од власт и убиен.
Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи е призната од страна на Обединетите нации и меѓународната заедница, додека Хафтар од градот Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно се поддржани од Египет и од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).