Sayed Khodaiberdi Sadat
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
КАБУЛ
Во авганистанската провинција Пактива, во градот Гардиз пред влезот на воен камп извршен е напад со возило бомба. Во нападот, според првичните проценки, животот го загубија 5 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Имал Муманд, портпаролот на командата на корпусот „Tunder“, за АА изјави дека напаѓачите со возило бомба го нападнале воениот камп во градот Гардиз.
Муманд информира дека според првичните проценки, во нападот животот го загубиле 5 цивили, а ранети се 19 лица, од кои петмина војници.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.