Sena Güler
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Градоначалникот на либискиот главен град Триполи, Абдул-Рауф Сеит ал-Мал, е ослободен рано утринава откако вчера е киднапиран, јавува Anadolu Agency (AA).
Градската управа на Триполи соопшти дека градоначалникот Ал-Мал утринава е ослободен, но во соопштението не се наведува неговата здравствена состјба, ниту идентитетот на киднапирачот.
Вчера група киднапирачи провалија во семејната куќа на градоначалникот во квартот Калет ал-Фурџан и го одведоа во непознат правец.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Либија е средиште на длабока политичка, безбедносна и економска криза уште од 2011 година кога масовните протести ескалираа во крвавиот бунт против режимот, а лидерот на земјата Муамер Гадафи е убиен по повеќе од четири децении владеење.