Emel Öz Gözellik
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ВАЛЕНСИЈА (АА) - Најмалку 78 лица загинаа во пожар кој изби во затворот во венецуелскиот регион Карабобо, јавува Anadolu Agency (AA).
Затворот се наоѓа во градот Валенсија кој од главниот град Каракас е оддалечен околу 160 километри. Локалните медиуми повикувајќи се на пратеникот Хуан Мигел Матеус, наведуваат дека меѓу настраданите се наоѓаат и десет жени.
Семејствата на затворените лица се наоѓаат пред зградата на затворот чекајќи одговори додека Матеус тврди дека е потребно да се направи листа на загинатите лица.
Тој истакна дека меѓу загинатите лица се наоѓаат и посетители кои во тој момент се наоѓале во затворот.
Локалните извори јавуваат дека пожарот најверојатно го предизвикале затворениците кои ги запалиле креветите и се обиделе да побегнат од затворот.