Tayfun Salcı
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Откако синоќа во Лондон беа евакуирани метро и железничка станица по дојава за сомнителна торба, се претспоставува дека безбедносниот аларм го активирала електрична цигара, јавува Anadolu Agency (AA).
Наводно, во торбата на метро и железничката станица експлодирала електрична цигара.
„Се претпоставува дека електричната цигара во торбата на станицата Евстон предизвикала помала експлозија", се наведува во соопштението на лондонската полиција.
Полицијата и претходно соопшти дека по дојавата е евакуирана станицата Евстон, на која обично се наоѓаат голем број луѓе.
Очевидците преку социјалните мрежи пишуваа дека чадот што се појавил кога на подот паднал куфер, предизвикало паника меѓу патниците.
Голем број возови не можеа да влезат на железничката станица по дојавата за сомнителната торба.
Полицијата соопшти дека по завршување на истрагата станицата ќе биде отворена за сообраќај.