İnci Gündağ
01 Мај 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Лондонската полиција уапси три девојки осомничени за подготвување терористички напад во главниот град на Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални претставници на лондонската полиција соопштија дека е продолжена антитерористичката опрација започната минатата недела и дека во изминатите 24 часа се уапсени уште три осомничени лица.
При на претресот на еден објект, полицијата уапси три девојки, две на 18 и една на 19-годишна возраст, кои се товарат за поврзаност со терористичките групи и за подготвување терористички активности.
Во соопштението се наведува дека уапсените девојки се префрлени во полициска станица на периферијата од Лондон и дека апсењето е извршено врз основа на разузнавачки сознанија и во рамките на претходно започнатите антитерористички операции.
Паралелно со тоа, вчера беше пуштена од болница и префрлена е во притвор девојка која беше ранета во престрелката со полицијата при минатонеделниот претрес на нејзиниот стан во местото Вилерсден, во североисточниот дел на Лондон. Во акцијата што беше изведена во четвртокот, уапсени се уште шест осомничени лица.