Alaattin Doğru
20 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
ПАРИЗ
Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со американскиот колега Џо Бајден за ситуацијата во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Елисејската палата е наведено дека во телефонскиот разговор меѓу Макрон и Бајден се зборувало за ситуацијата откако талибанците ја презеле контролата во Авганистан.
Се додава дека Макрон ја нагласил апсолутната потреба за брза и конкретна координација.
„Претседателот на својот колега му ја истакна нашата заедничка одговорност кон Авганистанците кои ги делат нашите вредности и имаат потреба од заштита и дека не можеме да ги оставиме“, се вели во соопштението.
Двајцата лидери се согласија да ги зајакнат заедничките акции на хуманитарно и политичко поле, но и во борбата против тероризмот, особено во рамките на Г7.