Aida Cako
18 Август 2025•Ажурирај: 19 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Мал авион принудно слета на терен за голф во Сиднеј, Австралија, јавува Анадолу.
Двајца мажи се спасија без потешки повреди откако нивниот авион доживеа драматично принудно слетување вчера.
Лесниот авион од типот „Пајпер чероки“ слета на теренот за голф „Мона вејл“.
Портпаролот на Австралиското биро за транспортна безбедност (ATSB) изјави дека во авионот се наоѓале инструктор и студент по летање во моментот на инцидентот.