Zehra Ulucak
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Најмалку 7 малолетници смртно настрадаа во пожар кој избувна во еден дом во сиромашен кварт во мексиканскиот главен град Мексико Сити, јавува Anadolu Agency (AA).
Мексиканското Обвинителство соопшти дека пожарот зафатил дрвена куќичка во квартот Изтапалапа. Во пожарот смртно настрадале 7 деца, меѓу кои 5 биле помлади од 10 години.
Од Обвинителството наведуваат дека постојат претпоставки дека настраданите деца биле без родителски надзор во моментот кога избувнал пожарот, бидејќи родителите биле на работа.
Во соопштението се вели дека најверојатно причина за пожарот бил оган запален во близина на куќата.