Emel Öz Gözellik
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Четиринаесет лица го загубија животот во оружен напад на центар за рехабилитација на зависници од дрога во северниот дел на Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA)
Според веста на „BBC“ (Би-би-си), група оружени и маскирани лица извршиле напад во центарот за рехабилитација „Фамилиас унидас“ во мексиканскиот град Чивава.
Во веста се наведува дека во нападот загинале 14 лица, а најмалку 8 се повредени. Исто така, се истакнува дека е започната истрага за инцидентот.
Надлежните велат дека во текот на последните месеци е зголемен бројот на убиства во градот Чивава, кој се наоѓа во близина на границата со САД.
Во нападот врз центар за рехабилитација во мексиканската држава Коавила во 2012 година животот го загубија 11 лица.