Ekipa
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
АБУ ДАБИ (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) официјално започнаа со проектот за изградба на град на Марс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според државната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати, ЕНА, почетокот на проектот, кој ќе чини околу 136 милиони долари, официјално го најавија шеикот на Дубаи и заменик-претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед бин Рашид Ал Мактум и Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, престолонаследник на Абу Даби.
Градот ќе биде првиот пример за град на Марс, а ќе биде изграден до 2117 година. Во паркот Мушиф во Дубаи ќе биде подигнат модел на градот, копија на оној што ќе биде изграден на Марс.
Во него ќе има лаборатории и светлосна и топлинска изолација. Ова ќе биде можност за научниците, кои со помош на овој град ќе извршат истражувања за тоа што треба да се направи за подобар живот, но и ќе бараат решение кога станува збор за проблемите со храната, водата и енергијата.
Откако ќе се создадат услови, ќе се населат група луѓе кои тука ќе поминат период од една година.
Градот ќе биде под постојан надзор за да се спроведе студија за однесувањето.
Градот на Марс треба да биде со големина на Чикаго и со население од 600.000 жители. Ал Мактум во февруари годинава го објави планот за изградба на градот „Марс 2117“.