Ayhan Şimşek
14 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ги поздрави воздушните напади во Сирија, како одговор на минатонеделениот напад со хемиско оружје на силите лојални на режимот Башар ал Асад во Дума, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меркел денес во писмена изјава истакна дека заедничкиот напад на САД, Франција и Велика Британија е насочен кон уништување на потенцијалните капацитети на хемиско оружје во Сирија и спречување на понатамошната употреба на забранетото оружје.
„Ние го поддржуваме потегот на нашите американски, британски и француски сојузници, како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои ја презедоа одговорноста на овој начин. Воената операција беше неопходна и соодветна за да ја поддржи меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје и го предупреди сирискиот режим“, рече Меркел.
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.