Ekipa
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли сугестиите дека минатата година, приливот на бегалци го донесе тероризмот во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа рече дека оваа појава не дојде со бегалците, туку дека тоа е феномен што е присутен во Германија од порано, пренесува германската новинска агенција.
Меркел вчера вечер зборуваше на собирот во сојузната покраина Мекленбург – Западна Померанија, во која што на општите избори на 4 септември, на нејзините демохристијани силна конкуренција ќе биде националистичката партија Алтернатива за Германија.
Германија неодамна беше погодена од серија напади, а за два од нив одговорноста ја презеде ДАЕШ. Во нив загинаа само напаѓачите, но и во двата случаја се работеше за азиланти. Во одделен напад на германски тинејџер во трговскиот центар Минхен, загинаа девет лица.