Betül Yürük
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
ЖЕНЕВА (AA) – Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија Стефан де Мистура го суспендираше одржувањето на седницата на Работната група на ОН за хуманитарна помош при Меѓународната група за поддршка на Сирија, а причина за суспендирањето е дека во ниту еден сириски регион под опсада во изминатите 110 дена не е доставена помош, јавува Anadolu Agency (AA).
По објавувањето на суспензијата на седницата која требаше да биде одржана денес, Де Мистура одржа конференција за новинари во седиштето на ОН во Женева и во таа прилика истакна дека не е направен никаков напредок во врска со доставувањето на хуманитарната помош во Сирија, шоради што и реши да го суспендира одржувањето на редовното неделно заседание на работната група задолжена за тоа прашање.
„Одржувањето на неефикански состаноци нема смисол. Утре е Светскиот ден на хуманитарната помош. Од друга страна, секојдневно сведочиме на напади, ракети, барел бомби, клорин гасот, воздрушни напади и самоубиствени напади во Сирија. Освен помошта која во Диер ез-Зор доставена е со фрлање од авион, ниту во еден од 18 сириски региони под опсада во изминатите 110 дена не е допремена никаква помош", рече Де Мистура.
Де Миструра во таа прилика ги повика сите страни на прогласување на 40- часовниот прекин на огнот за да се достави помошта на цивилите во Алепо.
Предупреди дека поради непрекидните судири помошта не е доставена во источниот дел на Алепо кој е под опсада, но дека моментално и западниот дел на сирискиот град е соочен со голем ризик да биде затворен во обрачот без коридорот за доставување помош.