Ekipa
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Ден откако Велика Британија официјално ја започна процедурата за излез од ЕУ, премиерката на таа земја, Тереза Меј, истакна дека одлуката за напуштање на ЕУ не значи и напуштање на Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меј во статија за германскиот дневник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” истакна дека со напуштањето на блокот, Велика Британија не ги отфла вредностите кои ги споделуваат како Европјани.
„Тоа не е отфрлање на вредностите кои ги споделуваме како Европјани, ниту обид да се наштети на ЕУ или нејзините преостанати земји-членки”, истакна Меј и продолжи:
„Знаеме дека ќе изгубиме влијание во врска со прописите на европската економија. Го прифаќаме тоа. Меѓутоа, нема причина да не создадеме ново, длабоко и посебно партнерство помеѓу Велика Британија и ЕУ, коe ќе функционира за сите нас”.
Излегувањето од ЕУ (Брегзит) граѓаните на оваа земја го изгласаа на референдумот одржан во јуни минатата година.
Постојаниот амбасадор на Велика Британија во ЕУ, Тим Бароу, вчера во 13.20 часот му предаде допис на претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск од британската премиерка Тереза Меј, со што е активиран членот 50 од Договорот за формирање на ЕУ, со кој се регулира излезот на земјата од членствово таа организација.
Велика Британија и ЕУ имаат рок за раздружување од две години.