Ekip
28 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
МОГАДИШУ (AA) – Сомалиската полиција соопшти дека бројот на загинатите, откако автомобил бомба експлодирал пред влезот во хотел во главниот сомалиски град Могадишу, се искачи на најмалку 13 лица, додека 16 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот капетан Мохамед Хусеин рече дека се слушнале пукотници од хотелот Наса-Хабиод, кој го посетуваат политичарите и други функционери на градските власти.
Друга експлозија се слушна на исто подрачје на градот, недолго по првата.
Екстремистичката група ал-Шабаб ја презеде одговорноста за денешниот напад и наведе дека нејзините борци се во хотелот.
Денешната експлозија се случи две недели откако што повеќе од 350 луѓе се убиени во масовниот бомбашки напад во спомнатата улица во Могадишу. Беше тоа најлошиот напад во историјата на Сомалија.