Associated Press
25 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата комесарка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Фредерика Могерини, изјави дека постигнатиот Договор со Иран дава разултати во контекст на спречување на официјален Техеран да развива нуклеарно оружје и дека поради тоа треба да се сочува и во иднина, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој по состанокот со францускиот колега Емануел Макрон го повтори своето незадоволство од постигнатиот меѓународен Договор за иранската нуклеарна програма.
Макрон изјави дека актуелниот Договор со Иран не треба да се отфрла без јасна визија за иднината, додавајќи дека постои опција за преоѓање на нов договор, кој би претставувал доградба на постоечкиот.
„Ќе видиме што ќе биде во иднина, но сега имаме еден договор, постоечки и ефикасен. Потребно е тој да се сочува“, порача Могерини.