Şerife Çetin
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, порача дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини во Брисел се состана со украинскиот премиер Владимир Гросман, а според соопштението од нејзиниот кабинет, разговарано е и за билатералните односи, договорите од Минск и за малезискиот авион соборен во Украина.
Особено е нагласено дека Украина има важно место на дневниот ред на ЕУ.
Могерини нагласи дека е пружена сета поддршка на Заедничкиот истражен тим (JIT), кој ја водеше истрагата за падот на авионот. Таа повтори дека ЕУ сака во потполност да се имплементира Договорот од Минск и дека ќе продолжат да пружаат поддршка на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.
Заедничкиот истражен тим (JIT) вчера објави дека е утврдено оти авионот на „Malaysia Airlines“, MH17, во 2014 година над Украина е соборен со проектил на Руската војска.
На прес-конференцијата е кажано дека проектилот припаѓал на 53. бригада на Руската војска која се наоѓала во Курск.
Авионот, кој сообраќал на релацијата Амстердам - Куала Лумпур е срушен на 17 јули 2014 година на источниот дел на Украина, а во несреќата загинаа сите 198 лица во авионот. Истрагата на западните експерти открија дека проектилот Бук од руско производство, кој го собори авионот, е истрелан од подрачје под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина. Во авионот се наоѓаа 183 патници и 15 членови на посадата.