Hasan Esen
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
БРИСЕЛ (AA) - Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за тоа дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор, истакна дека претседателот на САД ги нема потребните овластувања да го поништи договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини на конференцијата за медиуми во Брисел порача дека ЕУ се спротиставува на поништувањето на нуклеарниот договор.
„Ова не е билатерален договор. Не и припаѓа на ниту една земја и поради тоа ниту една земја не може самостојно да го поништи. Станува збор за мултилатерален договор кој едногласно го одобри Советот за безбедност на Обединетите нации. Ова е силен договор кој ги овозможува потребните гаранции и силен надзорен механизам. Нуклеарната програма на Иран се користи во цивилни цели и така ќе биде во иднина", рече Могерини.
Додаде дека не постои можност за поништување на нуклеарниот договор чии одредби не се кршат.
„Веруваме дека имаме заедничка одговорност да го штитиме договорот поради заедничка безбедност", рече Могерини.
На новинарско прашање што ќе направи Трамп во однос на ова прашање, рече дека нема да може да го поништи спомнатиот договор.
„Претседателот на САД поседува голема моќ, но не и за ова прашање", порача Могерини.
Нагласи дека ЕУ и понатаму останува посветена на споматиот нуклеарниот договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петок изјави дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор од 2015. година, повикувајќи се на низа нови санкции против Владата во Техеран.
Делегациите на Иран и групата 5+1, односно пет постојани членки на Советот и Гермаија, во јули 2015. година го постигнаа спомнатиот договор.
Договорот во повеќето земји од светот е дочекан со воодушевување, посебно во Техеран. Се смета за „нова страница" во меѓународните односи, но против него и понатаму гласно се залага Израел.