Tufan Aktaş
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Во Мозамбик, во камион се пронајдени безживотните тела на 64 нерегуларни мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во весникот „О Паис“ објавена е вест во која се вели дека во еден камион, што во Мозамбик влегол од земјата Малави и бил запрен во подрачјето Тете, пронајдени се 78 нерегуларни мигранти, од кои 64 биле мртви.
Започната е истрага во врска со настанот, а возачот на камионот е приведен.
Во веста се наведува дека мигрантите се државјани на Етиопија, а починале поради недостаток на кислород.
Од друга страна, се вели дека на 14-темина што успеале да преживеат ќе им биде направен тест за Ковид-19.
Мозамбик е една од земјите што се наоѓаат на рутата преку која нерегуларните мигранти се обидуваат од северниот дел на африканскиот континент да преминат во Јужна Африка.