Enes Canlı
22 Јули 2022•Ажурирај: 23 Јули 2022
КУДС (АА) - Мосад, израелската агенција за надворешно разузнавање, киднапирал командант на Армијата на Иранската револуционерна гарда во Иран, го испитувал и го принудил да ја признае својата „улога во испраќањето оружје во други земји“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Иран интернешнл“ (Iran International), телевизиски канал финансиран од Саудиска Арабија со седиште во Лондон, Мосад го киднапирал Једула Хидмети, за кого се тврди дека е главен командант на Иранската револуционерна гарда.
Исто така, се тврди дека Хидмети бил испрашуван од агенти на Мосад и признал дека Иран пренесувал оружје во Ирак, Сирија, Јемен и Либан.
Во веста се нагласува дека Хидмети бил заменик на бригадниот генерал задолжен за логистика на Армијата на Иранската револуционерна гарда.
„Иран интернешнл“ тврдеше дека има пристап до видеото од испрашувањето на едно лице кое се претставило како Хидмети, командант на Армијата на Иранската револуционерна гарда, но видеото не го сподели заедно со веста.