Dildar Baykan
18 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ЈАНГОН (АА) - Во несреќа за време на фестивалот „Тингјан“, организиран по повод прославата на Новата година во Мјанмар, животот го загубија 285 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните весници, криминалот извршен за време на фестивалот (којшто трае 4 дена) и несреќите кои се случиле за време на фестивалот ја надминале бројката од 1.200. Во овие настани животот го загубиле 285 лица, додека 1.073 се ранети.
На минатогодишниот фестивал се извршени 967 криминални дела, а загинаа 272 лица, со што се забележува дека годинава криминалот е зголемен, а зголемена е и бројот на загинати.
За време на прославата на фестивалот, кој во Мјанмар е познат како „Тингјан”, на Тајланд и во Лаос под името „Сонгкран”, а во Камбоџа како „Чаул Чам Тмеј”, населението со водени пиштоли, кофи и црева се прскаат едни други, и на симболичен начин се обидуваат „да се исчистат од минатогодишните гревови”.