Dildar Baykan
18 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Мјанмарската војска и будистичките фанатици од октомври досега запалија 40 муслимански села во Аракан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според сателитските снимки објавени од страна на невладината организација за човекови права „Human Rights Watch“ (Хјуман Рајтс Воч), вкупниот број на запалени села од 25 август досега, вклучувајќи ги и овие 40 села, се искачи на вкупно 354.
Бред Адамс, директорот на „Human Rights Watch“ одговорен за Азија, нагласи дека илјадници домови на муслиманите во Аракан се запалени од 23 ноември, денот кога е потпишан договорот меѓу владите на Мјанмар и Бангладеш за враќање на араканските муслимани во своите домови. „Оваа состојба покажува дека ветувањата дека араканските муслимани на безбеден начин ќе се вратат назад, се измама“, вели тој.
Адамс пренесе дека овие сателитски снимки во прашање ги отфрлува изјавите на мајнмарската влада дека веќе не се палат селата на араканските муслимани.
Во нападите што во Аракан ги спроведува мјанмарската војска, под изговор за борба против вооружени милитанти, од 25 август загинаа илјадници луѓе. Поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез во споменатото подрачје, невозможно е да се утврди точниот број на жртвите.
Во нападите, коишто прераснаа во етничко чистење, беа запалени над 300 села, а од Аракан во Бангладеш пребегаа повеќе од 600.000 муслимани. Илјадници од нив и понатаму бараат начин да пребегаат во Бангладеш.
Се претпоставува дека во 1970-тите години во Аракан живееле околу 2 милиони муслимани, но оваа бројка денес е намалена под 350.000 поради бегствата од систематските напади.